Бројките не лажат – „Падна“ Јуве, Милан владее со фудбалска Италија

Ако зборуваме за доминација кога станува збор за фудбалот во Италија, сите веднаш би помислиле дека никој не може да му парира на Јувентус.

Сепак, статистиката покажува нешто поинаку, посебно ако ја погледнеме календарската 2020 година. Имено, кога станува збор за годинава што изминува, тимот на Милан доминираше, обезбедувајќи 79 поени од 35 натпревари.

Пиоли брилијантно го води тимот на Милан, а тоа најдобро го покажуваат податоците за последната сезона, каде Милан е навистина феноменален. Втор на табелата е Интер, кој освои 73 бода од 35 натпревари, додека Аталанта е на третото место со 69 бода од 34 одиграни натпревари.

Јувентус е само на четвртото место, и тие имаат постигнато 68 поени од 35 одиграни натпревари.

Се вчитува...