Бронзен медал за Андреас Трајковски на Балканското првенство во Истанбул

Андреас Трајковски во својот прв настап за македонската репрезентација во скок во далечина го освои бронзениот медал на Балканското првенство во Истанбул.

Андреас до третото место дојде со резултат од 7.62 метри (3 сантиметри пократко од македонскиот рекорд кој е во негова сопственост).

Сребрениот медал му припадна на Марко Чеко од Хрватска со скок од 7.71 метар, додека златото го освои Измир Смајлај од Албанија со скок од 7.79 метри.

Се вчитува...