Брозовиќ до крајот на неделава потпишува нов договор со Интер

Претставници на Интер и агентот на играчот од средниот ред Марсело Брозовиќ, оваа недела ќе се сретнат за да ги завршат преговорите за продолжување на договорот на хрватскиот фудбалер.

Италијанскиот клуб сака да го задржи 29-годишниот играч од средниот ред, па за таа цел е подготвен да му плати 6 милиони евра по сезона.

Средбата меѓу двете страни треба да се одржи на крајот на неделата. Брозовиќ за Интер настапува од јануари 2015 година и самиот изјави дека би сакал да продолжи со престојот во Милано иако договорот му истекува на крајот на сезоната.

Се вчитува...