Брозовиќ: Јас не сум Пјаниќ, па да победувам само со судии

Марсело Брозовиќ дочека да биде херој на Интер постигнувајќи го голот за победа над Сампдорија, а хрватскиот ас своите „пет минути на слава“ ги искористи за да отвори фронт со Миралем Пјаниќ. Имено, по коментарот околу значењето на триумфот на Интер во Сампдорија, Брозовиќ директно го прозва Пјаниќ и неговиот клуб Јувентус.

„Што се однесува до мојот гол, јас не сум како Пјаниќ. Мене не ми требаат судиска помош и пенали за да постигнувам голови“ – изјави Брозовиќ.

Коментарот се однесува на последниот меч од ЛШ на кој Пјаниќ постигна два гола од пенал за Јувентус за победата од 0-2 над Валенсија.

Се вчитува...