Бруклин го најде решението за Чикаго, eден Леброн Џејмс недоволен за победа над Сакраменто, пораз и на Далас

ЛА Лејкерс претрпеа нов пораз во НБА лигата откако на гостувањето во Сакраменто загубија со 125-116 и покрај новата блескава партија на Леброн Џејмс кој го предводеше својот тим со 34 поени, 7 скока и 6 асистенции. На спротивната страна најрасположен беше Фокс со 29 поени и по 4 скока и 4 асистенции.

Бруклин го совлада лидерот на Источната конференција сред Чикаго со 112-138. Гостите ги предводеше тандемот Дурент-Харден со 27 поени и 9 асистенции, односно 25 поени, 16 асистенции и 7 скока, додека лидер на домаќините беше Лавин со 22 поени и 6 асистенции.

Пораз претрпе и Далас кој на гостувањето кај Њујорк загуби со убедливи 108-85. На гостинскиот тим не му помогна ниту расположениот Лука Дончиќ кој мечот го заврши со 21 поен, 11 скока и 5 асистенции бидејќи домашниот тим блесна Ар-Џеј Барнет со 32 поени и 7 скока.

Во останатите натпревари Бостон славеше против Индијана со 100-119, Шарлот над Филаделфија со 98-109, Вашингтон над Орландо со 112-106, Мајами го доби гостувањето кај Атланта со 91-115, Хјустон славеше против Сан Антонио со 124-128, а до победа стигна и Кливленд кој ја реши Јута со 91-111.

 

Се вчитува...