Бруклин и Минесота се „седумки“ на истокот и западот во НБА (ВИДЕО)

Бруклин Нетс славеше на домашен терен над Кливленд Кавалирс со 115-108 во плеј-ин натпреварот на источната конфенерција. Кајри Ирвинг со 34 поени беше прво име во таборот на победникот, додека со ист број на поени кај поразените заврши Дариус Гарланд.

Со оваа победа Нетс го освоија седмото место на истокот и во првата рунда во плеј-офот ќе играат против Бостон Селтикс.

Во истиот натпревар на западот, Минесота Тимбервулвс славеше над Лос Анџелес Клиперс со 109-104. Ентони Едвардс со 30 поени го водеше тимот од Минеаполис до победа, додека кај поразените недоволни беа 34 поени на Пол Џорџ.

Минесота во првата рунда во плеј-офот на западот ќе игра против Мемфис Гризлис.

 

Се вчитува...