Бруно Фернандеш беше трагичарот на Манчестер Јунајтед за вчерашниот пораз од Астон Вила, по што португалскиот ас доцна синоќа се извини на фановите на „црвените ѓаволи“ за промашениот пенал на „Олд Трафорд“.
Тој ја презеде одговорноста пред Кристијано Роналдо, но се посрамоти шутирајќи високо над гредата, по што резултатот остана 0-1 за гостите од Бирмингем.
„Никој не е поразочаран од мене поради промашениот пенал и поразот што го претрпевме. Секогаш сум ги прифаќал одговорностите, сум живеел за моменти под притисок како овој, но сега не успеав. За разлика од многу пати кога топката завршила во мрежата, денеска тоа не се случи. Свесен сум за критиките што следат и како професионалец целосно ги прифаќам. Јас сум ирач кој секогаш дава се од себе на теренот и ќе останам таков, ќе се вратам посилен и кога ќе треба и ќе се побара тоа од мене, пак ќе шутнам пенал и ќе погодам. Благодарам за поддршката по последниот судиски свиреж, беше многу емотивно да ве слушнам како го извикувате моето име на крајот од мечот“, го заврши Бруно Фернандеш обраќањето до фановите на Манчестер Јунајтед.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА