Бруно Фернандеш: Не го користете моето име за да правите проблеми во Манчестер Јунајтед

Тенденциозен обид да се направат проблеми во соблекувалната на Манчестер Јунајтед. Вака Бруно Фернандеш ги толкува тврдењата дека влегол во жестоа пресметка со менаџерот Олде Гунар Солскјер на полувремето од натпреварот со Тотенхем на кој беше заменет на паузата, а Јунајтед беше срамно поразен. Во изјава по победата на Португалија над Шведска од 3-0 во Лигата на нации, Фернандеш објасни дека имал разговор само Виктор Линделоф.

„Прво приказната беше дека сум се скарал со соиграчите, кога се виде дека не држи, потоа дека сум имал расправија со Лиделоф, но и тоа не беше доволно и потоа се претвори со дискусија со Солскјер. Верувам дека тоа е обид да се растури групата. Не го користите моето име ниту пак имињата на соиграчите и на тренерот за да правите проблеми во Јунајтед“ – вели Фернандеш.

Манчестер Јунајтед има очаен старт на сезоната во Премиер-лигата со само една победа во трите одиграна кола. Следен предизвик е дуелот со Њукасл закажан за в недела.

Се вчитува...