Бруно Фернандеш пред потпис на нов договор со Манчестер јунајтед

Еден од најдобрите фудбалери на Манчестер јунајтед, Бруно Фернандеш е пред потпис на нов договор со клубот од „Олд трафорд“. Фернандеш како што се очекува треба да потпише нов петгодишен договор со кој неделно ќе заработува по 250.000 фунти.

Фернандеш во Манчестер стигна во јануари 2020 година од Спортинг Лисабон за сума од 60 милиони евра. Оттогаш забележа 55 настапи на кои постигна 30 гола.

 

Се вчитува...