Бруно Фернандеш пред потпис со Манчестер Јунајтед

Португалскиот репрезентативец Бруно Фернандеш е на прагот на „Олд Трафорд“, откриваат медиумите на Островот. Соиграчот на Стефан Ристовски од Спортинг Лисабон подолг период е желба на менаџерот на „црвените ѓаволи“, Оле Гунар Сослкјер, и најверојатно раководството ќе успее да му ја исполни до крајот на зимскиот преоден рок.

Манчестер Јунајтед ќе плати 55 милиони фунти отштета, Бруно Фернандеш ќе добие договор до 2025 година и можност за докажување во Премиер – лигата, а Солскјер ќе има одличен играч за врска на кого ќе може да ја гради играта на тимот.

Претседателот на Спортинг Лисабон, Фредерико Варандаш веќе одлетал на финални преговори со челниците на Манчестер Јунајтед и се очекува зделката да биде склучена до крајот на викендот. Бруно Фернандеш оваа сезона одигра 14 натпревари за Спортинг Лисабон и директно учествуваше во постигнувањето на 13 гола, како стрелец или асистент.

Се вчитува...