Бруно Фернандеш се извлече од казна!

Бруно Фернандеш се најде во неволја по инцидентот со помошниот судија на натпреварот со Ливерпул во Премиер-лигата. Во неделата на „Енфилд“, Јунајтед загуби од Ливерпул со 0-7 и го претрпе најтешкиот пораз од декември 1931 година.

Во текот на второто полувреме, Фернандеш, кој беше вклучен во бројни инциденти во играта, го турна помошниот судија во задниот дел во близина на аут линијата кога тој минуваше зад него. Инцидентот го виделе судијата и неговите помошници, но не бил вклучен во извештајот од натпреварот.

ФА одлучи да не покренува никаква постапка против португалскиот фудбалер.

Се вчитува...