Бруно Фернандеш: Сите играат исто против Сити, можеше да заврши 1-1…

Бруно Фернандеш не го криеше разочарувањето откако Манчестер јунајтед го прокоцка водството од 0-1 по првиот дел против Манчестер Сити, примајќи три гола во второто полувреме.

Капитенот на „црвените ѓаволи“ смета дека неговиот тим покажал карактер, но остана тагата за неискористените шанси.

„Мислам дека никој не може да ни најде замерка за посветеноста. Игравме добро, сите играат исто против Сити, се бранат во сопствената половина и чекаат да им се укаже шанса. Штета што не искористивме неколку шанси, потоа и првиот гол што го примивме… Од ситуација што можеше да биде шанса за наш гол ние примивме на спротивната страна за 1-1. Можеше мечот и така да заврши, но потоа примивме уште еден гол… Севкупно гледано, мислам дека се браневме навистина добро, но во второто полувреме моравме да имаме поголем посед, почесто да ја имаме топката во свои нозе“, изјави Фернандеш.

Се вчитува...