Манчестер Јунајтед успеа да слави уште една победа во Премиер лигата, победувајќи го Кристал Палас со 1:2, а Бруно Фернандеш повторно блескаше. Искусниот 31-годишен Португалец блесна и овој пат, докажа дека е суштинскиот фудбалер на овој клуб и дека е некој што е симбол на постојаност во овие лоши времиња за клубот.
Денеска Португалецот имаше две асистенции, и тоа беше доволно да се постигне големо достигнување. По бројот на асистенции, сега Фернандеш го претрка Пол Сколс, легендарниот фудбалер на Јунајтед кој остана на 55, додека Бруно сега има 56.
Пред сегашниот играч за врска останаа тројца ленгедарни играчи, односно Рајан Гигс, Вејн Руни и Дејвид Бекам кои имаат повеќе асистенции од Португалецот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

