Бруно Лабадија, нов тренер на Волфсбург

Германскиот бундеслигаш Волфсбург го именуваше Бруно Лабадија за нов шеф на стручниот штаб, откако се раздели со Мартин Шмит. 52-годишниот стратег доби договор до јуни 2019 година и попладнево треба да го има првиот тренинг со тимот.

„Се чувствувам мотивирано и едвај чекам да почнам со работа со мојот нов тим. Се надевам дека ќе имаме успешни резултати“, изјави Лабадија.

Тој претходно работеше во Баер Леверкузен, Штутгарт и во Хамбургер.

Волфсбург по 23 одиграни кола во Бундес-лигата има 24 бода, само еден повеќе од Мајнц, кој се наоѓа во опасната зона на табелата.

Се вчитува...