Бруно: Во што е проблемот на Јунајтед? Буквално во се…

Манчестер Јунајтед се наоѓа во сериозна резултатска криза откако „црвените ѓаволи“ уште на половина од месец септември имаат три порази во Премиер-лигата, а во ЛШ стартуваа со пораз од 4-3 од Баерн Минхен.

Капитенот Бруно Фернандеш истакна дека проблемите во играта се бројни и ги повика сите фудбалери да покажат карактер и да дадат придонес за излез од оваа незгодна ситуација.

„Се наоѓаме во тежок момент од кој мора што поскоро да излеземе. Во што е проблемот? Буквално во се. Треба да даваме голови, кога ќе имаме шанса да ја претвориме во погодок, а ние не го правиме тоа. Кога ќе се браниме, треба сите 11 фудбалери да учествуваат во тој процес, да играме колективно, ние не го правиме ниту тоа како што треба. Секако дека имаме квалитет за многу подобри игри и резултати од ова досега, сите мораме да се издигнеме над ситуацијата и да тргнеме во победничка серија“, изјави Бруно Фернандеш.

Се вчитува...