Брус: За мене ќе биде предизвик да го водам новиот Њукасл, но свесен сум дека ќе морам да си заминам од тимот

Менаџерот на Њукасл, Стив Брус, претпоставува дека може да ја загуби работата откако се појавија нови сопственици на клубот кои доаѓаат од Саудиска Арабија. Новите газди очигледно доаѓаат со големи амбиции, па уште на самиот старт ќе се обидат да донесат атрактивни имиња во тимот.

Самиот Бурс е свесен дека мали се шансите да ја продолжи кариерата во Њукасл, иако потенцираше дека за него ќе биде голем предизвик да остане во клубот и да покаже што може да направи со виско квалитетни фудбалери.

„Би сакал да останам на функцијата, да им покажам на новите сопственици што можам да направам, но, треба да бидеме реални. Веројатно ќе сакаат да започнат со нов менаџер. Нови сопственици вообичаено сакаат нов тренер, долго сум во фудбалот и го знам тоа“ заклучи Брус.

Се вчитува...