Брутален старт – настрада Вирџил ван Дајк (видео)

Јирген Клоп се соочува со нов сериозен проблем по повредата што Вирџил ван Дајк ја заработи на почетокот од градското дерби со Евертон. Дефанзивецот на „црвените“ се најде во противничкиот шеснаесетник кога голманот Пикфорд брутално налета на него, а судијата на покажа ништо бидејќи имаше минимален офсајд од Ван Дајк.

По неколкуминутно укажување на лекарска помош беше јасно дека холандскиот дефанззивец не може да продолжи, а на негово место влезе Џо Гомез.

Деталните лекарски прегледи ќе покажат колку долго Ливерпул ќе мора да се снаоѓа без својот најдобар одбранбен фудбалер.

Се вчитува...