Македонија ЃП и Струга Трим Лум ремизираа (1-1) на стадионот во Ѓорче Петров, во првиот меч од 17.коло во Првата фудбалска лига. Двата гола беа постигнати на самиот старт од дуелот, а потоа и двете екипи повеќе внимаваа на својата мрежа.
Флорент Османи веќе во првата минута успеа да го изненади Марко Јовановски и донесе водство за Струга Трим Лум. Но, „лавовите“ не останаа долго шокирани од негативата и израмнија веќе во седмата минута со голот на Ален Јашароски.
Воша имаше можност да донесе водство за ѓорчепетровци, на спротивната страна гол постигна Нијас Лена, но не беше признат поради игра со рака на фудбалерот на стружани.
Македонија ЃП и Струга Трим Лум сега имаат по 23 бода на прволигашката табела.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА