Будуќност ќе ја брани титулата во АБА во финалето против Црвена Звезда

Црногорскиот претставник Будуќност ќе ја брани титулата во АБА – лигата, откако ја доби мајсторката (73-78) во Загреб и со 2-1 во победи обезбеди финална серија против Црвена Звезда. Тоа е реприза од минатогодишното финале, а победникот ќе обезбеди пласман во елитната Евролига.

Будуќност успеа да добие два последовни меча, откако Цедевита прва обезбеди триумф во серијата.

Цедебита го доби првиот сегмент со 21-10, но Будуќност се врати и на полувреме замина само со два поени негатива (41-39). До крајот мечот беше неизвесен, а на крајот пресуди одличната одбрана на црногорскиот состав.

Најефикасен кошаркар во победничкиот тим беше Ерл Кларк со 19 поени. Во составот на Цедевита, Џастин Кобс уфрли 23, но Џејкоб Пулен постигна само 14, а не ја реализира и клучната тројка за израмнување.

Во финалната серија, Црвена Звезда ја има предноста на домашен терен.

Се вчитува...