Будуќност не се предава, намали на 2-1 во финалето на АБА

Будуќност нема намера без борба да се предаде во битката за титулата во АБА-лигата, откако актуелниот првак славеше на првиот меч во Подгорица потив Црвена звезда со резултат 80-72, намалувајќи на 2-1 во финалната серија.

„Црвено-белите“ благодарение на Човиќ и пред се на Риверс имаа целосна контрола над резултатот во првото полувреме. Сепак, откако на одмор се замина со резултат 45-50, Будуќност со одлична одбрана во третиот период (21-8) го сврте резултатот во своја полза. Бодрени од фанатичните навивачи, кошаркарите на црногорскиот состав ја сочуваа предноста до самиот крај, продолжувајќи ја оваа финална серија за најмалку еден натпревар.

Кол со 20 и Кларк со 14 поени беа најдобри поединци кај Будуќност, додека најдобар стрелец на Црвена звезда вечерва беше Риверс со 19 постигнати поени.

Се вчитува...