Будуќност падна – Партизан до дерби-триумф и прво место во АБА

Партизан триумфираше со 87-82 на дерби-дуелот со Будуќност, резултат со кој „црно-белите“ го скокнаа ривалот и сега се осамени на врвот на табелата во АБА-лигата. По тешкиот меч во Еврокупот против Болоња, кошаркарите на Партизан се најдоа пред нов пеколен предизвик, особено ако се земе во предвид извонредната шутерска вечер на гостинските играчи.

Црногорците наметнаа силно темпо, во текот на втората четвртина имаа и 12 поени предност, но Партизан успеа да се врати, па на одмор дури и замина со минимална предност од 47-45. Будуќност одлично парираше до самата завршница, а пресудни беа последните пет минути, кога Партизан по минималните 76-74 конечно успеа да се одлепи и да стигне до огромен триумф.

Пејџ постигна 20, а Јарамаз 19 поени во победничкиот тим. Шеховиќ погоди дури седум тројки за Будуќност за вкупно 21 поен, Николиќ имаше 5/7 од далечина и вкупно 18 поени, но и тоа беше недоволно за поранешниот првак да стигне до победа во Белград.

Се вчитува...