Буфон доаѓа во Порто на местото на Икер Касилјас?

Легендарниот италијански голман Џанлуиџи Буфон ја одбил понудата на Јувентус да добие директорска позиција во клубот затоа што сака да брани најмалку уште една сезона на врвно ниво. Тој најверојатно ќе си замине од Париз, но и следната сезона ќе игра во Лигата на шампионите. Се најавува негов трансфер во Порто, а тој би требало меѓу диреците да наследи уште еден легендарен чувар на мрежата, Икер Касилјас.

Шпанецот преживеа срцев удар на тренинг пред две седмици, за среќа неговиот живот беше спасен со брза интервенција на докторите, но тој нема да може да му се врати на фудбалот. Раководството на Порто посакува нов искусен голман, а изборот е Џанлуиџи Буфон.

 

Се вчитува...