Буфон одлучи – Останува во Јувентус и следната сезона

Легендарниот голман Џанлуиџи Буфон одлучи да го продолжи договорот со Јувентус на уште една година, пренесуваат италијанските медиуми. Искусниот чувар на мрежата нема намера да замине во пензија, па во текот на летото ќе потпише нов договор со „старата дама“.

Според информациите на италијанските медиуми Буфон ќе игра и следната сезона иако во јануари 2021 година ќе наполни 43 години.

Буфон сезонава 11 пати беше на голот на Јувентус, а на три натпревари успеа да ја сочува мрежата.

Се вчитува...