Буфон: После Русија одам во пензија…

Италијанскиот голман Џанлуиџи Буфон најави дека по Светското првенство следната година во Русија најверојатно ќе ја заврши својата кариера.

Легендарниот Џиџи пред неколку месеци соопшти дека би одел мирно во пензија ако стигне до титулата во Лигата на шампионите. По неуспехот против Реал Мадрид, сега се надева дека следната година ќе може да се радува и на тој трофеј, а ќе ја продолжи кариерата и до Мундијалот во 2018.

„Најверојатно одам во пензија по Светското првенство во Русија. Тоа е 99,9% сигурно. Искрено верувам дека ќе обезбедиме учество на Мундијалот“ – изјави Буфон по дуелот со Лихтенштајн, притоа дополнувајќи:

„Лигата на шампионите и натаму останува мој сон. Сакам следната година да ја освоиме, па да може мирно да си одам во пензија. Искрено, планирав за пензија и ако сега стигневме до трофејот, но вака ќе мора да ме гледата уште една година“.

Се вчитува...