Буфон постави нов рекорд против Македонија

Легендарниот голман на италијанската фудбалска репрезентација, Џанлуиџи Буфон, постави нов рекорд во својата богата кариера. Тој вечерва против Македонија го игра 172 натпревар во дресот на „аѕурите“, што е нов рекорд во европскиот фудбал.

Токму во Торино, пред својата публика, со оглед дека долги години го носи дресот на Јувентус, Џанлуиџи Буфон поставува нови граници на меѓународната фудбалска сцена.

По првото полувреме, Италија води против Македонија на Олимпискиот стадион во Торино со 1-0, со голот на Џорџо Кјелини во 39.минута од средбата.

Се вчитува...