Џанлуиџи Буфон не планира да стави крај на богатата кариера, откако денеска го продолжи својот договор со клубот од Серија Б, Парма до јуни 2024 година. Во 2024 година италијанскиот голман ќе има полни 46 години и очигледно е дека се уште се чувствува подготвено за предизвиците во италијанскиот фудбал.
Буфон своето деби во Серија А го имаше пред 27 години кога како 17-годишник настапи токму за Парма. Во 2001 година премина во Јувентус во кој остана цели 20 години, освен сезоната 2018/2019 кога беше дел од францускиот Пари Сен Жермен.
Со репрезентацијата на Италија го освои Светското првенство во 2006 година, додека на Европските првенства двапати играше во финале во 2012 година.
The legend continues.#Buffon2024 🟡🔵 pic.twitter.com/wEasA8fboi
— Parma Calcio 1913 (@ParmaCalcio_en) February 28, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА