Буфон позитивен на коронавирус

Голманот на Парма, легендарниот Џанлуиџи Буфон е позитивен на коронавирус. Пред враќањето на тренинзите после божниќните и новогодишните празници, целиот тим направи тестирања, кои покажале дека Буфон е единствениот кој е позитивен на вирусот.

Буфон кој овој месец ќе наполни 44 години, е во домашна изолација и нема контакт со останатите играчи од тимот.

Голманот одигра 18 меча во Серија Б за Парла оваа сезона.

Се вчитува...