„Буфон требаше да се пензионира, легендите не се за седење на клупа“

Легендарниот италијански голман Џанлука Паљука вели дека Џанлуиџи Буфон е најдобриот голман во историјата на фудбалот, но дека требаше да ја заврши кариерата, а не да седи на клупата за резерви на Јувентус.

Буфон бранеше само на пет натпревари во Серија А оваа сезона. Откако се врати во Јувентус од Пари Сен Жермен во 2019 година, тој бранеше на вкупно 25 натпревари во сите натпреварувања.

Неодамна италијанските медиуми објавија дека 43-годишниот Буфон не планира да ги закачи ракавиците на колче. Тој планира да игра повторно надвор од Италија. Сепак, Паљука верува дека Буфон греши.

„Да бев на негово место, веќе ќе се пензионирав. Јас би ја завршил кариерата по истекот на договорот со Пари Сен Жермен. Тој направи одличен потег кога замина во Париз, бидејќи редовно бранеше, а ПСЖ е одличен клуб. Но, што прави тој сега? Седи на клупа. Буфон на клупа? Тој е задоволен кога брани во Купот на Италија. Тоа не оди со тоа. Некој со кариера ккао неговата повеќе би сакал да се повлече кога имал 41 година отколку да седи на клупата уште неколку години. Не знам како размислува. Можеби тој сепак сака да се натпреварува. Тој сè уште е навистина добар голман, но не треба да седи на клупата. Зборуваме за најдобриот голман во историјата на фудбалот“, заклучи Лука.

 

 

 

Се вчитува...