Буфон: Во мое време немаше играчи како Влаховиќ

Душан Влаховиќ е нов фудбалер на Јувентус. Српскиот голгетер кој блесна во дресот на Фиорентина оствари трансфер вреден 75 милиони евра во редовите на „страта дама“ каде се приклучи на серија млади играчи од кои во иднина се очекува да бидат вистински лидери на тимот во походот на Европа.

За трансферот на еден од најперспективните млади фудбалери говореше и Џиџи Буфон кој имаше само пофални зборови.

„Јувентус помина низ период на дезориентација, но сега е на прав пат. Душан Влаховиќ е играч од врвна класа и секако дека потписот со него предизвика задоволство кај навивачите. Тој е во рангот на Халанд и Мбапе, еден од најдобрите во светот. Поседува нешто неверојатно, се гледа дека е права „деветка“. Во мое време немаше играчи од 190 центиметри со таква динамика“, вели легендарниот голман.

Се вчитува...