Буфон: Времето за пензионирање се ближи, на лето ќе ставам крај на мојата кариера

Легендарниот голман на Јувентус, Џанлуиџи Буфон зборуваше за неговата кариера и за пензијата која допрва му претстои. Популарниот „Џиџи“ во јануари наполни 43 години, па истакна дека се уште може да игра фудбал професионално. Сезонава најчесто ја чува мрежата на Јуве во дуели со послаби тимови, како и во Купот на Италија.

Во интервју за „Скај Спорт“, Буфон најави дека ова лето е можно конечно да објави крај на неговата кариера.

„Во мојата глава, крајниот рок за пензија е јуни 2023 година. Тоа е максимумот, но можеби ќе се повлечам многу порано, да речеме за четири месеци, на крајот на сезоната. Мојот договор со клубот истекува на крајот на сезоната и ако не го продолжам, тоа ќе биде крај на мојата голманска кариера. Не знам дали тоа ќе се случи затоа што не зависи сè само од мене. Во случај да не го продолжам договорот, нема да бидам изненаден бидејќи досега научив дека ништо во животот не е сигурно и безбедно“, изјави Буфон.

Џанлуиџи Буфон оваа сезона е во втор план на тренерот Андреа Пирло, но тој повторно успеа да запише 10 настапи за тимот од Торино.

Се вчитува...