Бугаринот Наско Милев во нападот на Шкендија

Бугарскиот напаѓач Наско Милев е новото име во дресот на Шкендија. Тој доажа како засилување во нападот на „црвено-црните“ во обидот да дојде до титулата.

Тоа е четвртото ново име во редовите на Шкендија, и потпиша на 1,5 година, со опција за продолжување на договорот.

26-годишниот напаѓач во Шкендија доаѓа од редовите на Паневезис од Литванија, а играл во минатото и за Ботев Пловдив, Славија Софија и Локомотив Софија.

„Ова е еден од најдобрите клубови на Балканот и чест ми е што ќе играм во Шкендија. Тоа е клуб со одлични навивачи и клуб со традиција. Доажам со желба и самодоверба да му помогна на клубот да ги оствари високите амбиции“, рече Милев на промоцијата.

Се вчитува...