Бугарите се исплашија: ЦСКА Софија не сака да игра во Скопје, било небезбедно!?

Дел од бугарската спортска јавност смета дека УЕФА треба да донесе одлука натпреварот од 2. коло во УЕФА Конференциската лига меѓу Македонија ЃП и ЦСКА Софија да не се игра во Скопје, но надвор од Македонија, наводно од безбедносни причини!?

Како што пишува бугарски „Труд“, во таборот на ЦСКА Софија се изненадени од фактот дека за дуелот кој на 21. јули (17 ч.) треба да се игра на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје, од Македонија ЃП добиле само 60 билети за своите навивачи.

Па, сега бараат и реакција од УЕФА со одлука натпреварот да се игра место во Скопје, во Ниш во Србија.

„Само 60 билети доби ЦСКА за првиот натпревар, а причината е препораката од локалните власти, поради антибугарските протести. И сега прашање е дали мечот треба да се игра во македонската престолнина? УЕФА има пракса да реагира веднаш ако има политички тензии и ваквите мечеви се играат на неутрален терен. Такви примери има кога играат екипи од Ерменија и Азербејџан. Во овој случај, дури решението е и наједноставно, Ниш е блиску до двата главни градови. ЦСКА треба да реагира и УЕФА многу веројатно ќе ја направи промената. За реваншот не би имало проблем да се игра во Софија“ – пишува „Труд“.

Се вчитува...