Букер држеше час по кошарка во Денвер

Феникс уште еднаш покажа зошто е екипа со најдобар скор во НБА-сезонава, откако „сонцата“ славеа на гостувањето против Денвер нагетс со 130-140. Во главна улога беше Девин букер, кој одигра маестрално натпревар постигнувајќи 49 поени. Како пресудна се покажа последната четвртина што Феникс ја доби со 24-36,  трасирајќи си го патот до победата.

Букер беше незапирлив,  бекот на „сонцата“ шутираше 16/25 од поле, а зад неговото име останаа запишани и десет асистенции. Никола Јокиќ реализираше 28 поени и по шест скока и асистенции, недоволно за да се земе скалпот на најдобриот тим во регуларниот дел од сезоната.

Милвоки и без помошта на Адетокумбо рутински славеше над Вашингтон со 114-102, Во отсуство на „грчкиот ѕвер“, најефикасни во редовите на актуелниот првак беа Холидеј со 24 и Ален со 21 поен.

Резултати НБА:

Торонто – Кливленд 117-104, Мемфис – Индијана 133-103, Милвоки – Вашингтон 114-102, Њу Орлеанс – Чикаго 126-109, Денвер – Феникс 130-140.

Се вчитува...