„Бум-бум Лина“: Ѓорческа со ас стави точка на триумфот над Дејвис (видео)

Лина Ѓорческа со фантастична игра успеа да ја совлада Американката Дејвис и да остане во игра за остварување на големиот сон – пласман на главниот турнир од УС Опен.

Македонката по слабиот старт се разбуди, а главна сигурност и даваше одличниот сервис, кој функционираше беспрекорно во вториот и третиот сет. Впрочем, Лина стави печат на мечот со ас-сервис, вкупно седми за неа во големата победа.

Следна противничка на Ѓорческа во квалификациите за УС Опен ќе биде Јана Фет од Хрватска, која моментно се наоѓа на 128. место на ВТА-листата.

Се вчитува...