„Бум“ од Англија: Дрогба повторно ќе игра фудбал и ќе дава по 25 гола во сезона?

Дидие Дрогба му кажа збогум на играњето фудбал во декември 2018 година. Тој се повлече од американскиот Феникс Рајзинг, клуб за кој играше во втората лига. На 40-годишна возраст, Дрогба одигра 26 натпревари за тимот од Аризона и постигна 17 погодоци. Тој потпиша за Феникс како услуга за неговиот добар пријател Берке Бакај, турски бизнисмен кој има многу успеси во САД и е голем обожавател на Галатасарај.

Сега Бакај е дел и од фудбалската индустрија во Англија, тој е во сопственичката структура на третолигашот Ипсвич Таун, а во изјава за медиумите најави дека ќе му понуди нова соработка на Дрогба.

“Дрогба е неверојатен. Не знам дали би ја презел работата, не сум разговарал со него за тоа, но дали тој би бил успешен? Мислам дека тој ќе ја уништи „Лига еден“ ако ме прашате за мислење. Ќе постигне 25 гола, би се обложил на тоа!“, рече косопственикот на Ипсвич.

Дрогба сега има 43 години, па фановите на фудбалот сигурно би сакале да го видат повторно на теренот барем уште една сезона во Англија, каде ги постигна најголемите успеси со Челзи.

Се вчитува...