Буњамин Шабани: За Струга ТЛ секој бод пролетва ќе биде важен, на победа во Кавадарци

Лидерот по есенскиот дел од шампионатот, екипата на Струга ТЛ утре на стартот од пролетната полусезона гостува на Тиквеш во Кавадарци во 19. коло од ПМФЛ.

Капитенот на стружани, Буњамин Шабани пред стартот на пролетниот дел вели дека екипата одработила одлични подготовки, верувајќи дека тимот е подготвен за напорната полусезона која ги очекува.

„Подготвителната фаза во Анталија помина многу добро во целост. Таму ги имавме сите услови да се подготвиме што подобро. Одигравме и пријателски натпревари на кои резултатот беше во втор план, најважна беше креацијата на составот на тимот. Мислам дека и новите засилувања се прилагодија на тимот, подготвени да го дочекаат стартот на првенството“ – вели Шабани.

Утре ги очекува тешко гостување против четвртопласираната екипа во првенството.

„Многу е важен натпреварот со Тиквеш. Го почитуваме противникот, бидејќи е незгоден тим, но за нас бодовите се многу важни, па затоа ќе дадеме се од себе да се вратиме со три бода во Струга“ – дополнува Шабани.

Неделниот натпревар за Буњамин Шабани ќе биде 17-ти кој ќе го одигра сезонава во дресот на Струга Трим Лум. На првиот меѓусебен натпревар сезонава Струга ТЛ славеше против Тиквеш со 2-0.

Се вчитува...