Бунт во Премиер-лигата: Капитените бесни на клубовите

Одлуката на Премиер-лигата да излезе јавно со барањето играчите да прифатат намалување на платите од 30 проценти без никаква консултација комплетно ги разбеснела капитените на сите 20 клубови. Фудбалерите и клубовите во Англија во моментов се во отворена војна од која никако не произлегува компромис за намалувањето на платите. Јавното барање од клубовите е најголемата пречка во преговорите.

Саутемптон и Вест Хем веќе направија интерни договори со играчите за намалување на платите. Асоцијацијата на професионалните фудбалери која ги застапува сите играчи преговара со клубовите и со Премиер-лигата, а на фудбалерите им порача да не потпишуваат никакви договрои без консултација со нив.

Дополнително играчите го објавија ставот дека се согласуваат на помали плати, но одземеното од нив да оди за помош на здравствениот систем и на другите кои се борат со коронавирусот. Тие формираа и фонд за помош на медицинските работнци кој дополнително сега прави проблеми во преговарачкиот процес.

 

Се вчитува...