Бунт во Тотенхем против Жозе Мурињо

Жозе Мурињо се надеваше дека со седнувањето на клупата на Тотенхем ќе има помал притисок во однос на работата во најтрофејните клубови ширум Европа. Сепак, Португалецот се соочува со сериозен проблем откако голем дел од фудбалерите се погласно протестираат против неговите методи за тренинг и тактиките за време на натпреварите.

Дени Роуз, кој е играчот со најдолг стаж од актуелниот ростер на „спарси“, влегол во жесток тренинг со Португалецот откако тој објавил дека Роуз не играл против Ватфорд поради повреда, што не било точно. Левиот бек има поддршка од голем дел од првотимците, кои го осудуваат односот на Мурињо кон фудбалерите, откако пред десетина дена „специјалниот“ упати критики и кон Ндомбеле.

Како што јавуваат англиските медиуми, фудбалерите се разочарани бидејќи Мурињо преголемо внимание посветува на долги додавања и изведување на аути, наместо на суштинска тактика и начин да се зголеми поседот на топка и да се создаваат повеќе шанси пред противничкиот гол.

Тотенхем се наоѓа во серија од четири средби без победа во пресрет на денешниот домашен дуел со Норвич. Нема сомнеж дека Мурињо без оглед на резултатите ќе остане на чело на „спарси“, но веќе станува јасно дека португалскиот стратег ќе се соочи со огромни проблеми во обид да го приближи Тотенхем до врвот на Премиер-лигата.

Се вчитува...