„Бура“ поради пласманот на Хрватска во четвртфинале: „Домаќинот мораше да помине…, Македонија уништена, СП го одбележаа корумпираните судии“

Огромна „бура“ во ракометната јавност предизвика вчерашниот одлучувачки натпревар на Светското првенство 2025 во кој Хрватска славеше над Словенија од 29-26 по пресврт, за освојување на групата и пласман во четврфиналето на Мундијалот.

Во четвртфиналето од Групата 4 се пласираше и Египет, додека Исланд иако имаше ист број бодови како Хрватска и Египет, го заврши натпреварувањето. Сето тоа предизвика ново големо „раздрмување“ на ракометната сцена отворајќи ја темата за ракометните судии

Натпреварот одигран во Арената Загреб го коментираше и Расмус Бојсен, еден од најчесто цитираните ракометни стручњаци на социјалните мрежи. По драмата против Словенија, тој напиша дека еден од домаќините на Мундијалот успеал да се пласира меѓу осумте најдобри селекции на турнирот и дека „последното оро на Домагој Дувњак“ продолжува.

Но, неговата објава предизвика низа негативни коментари за арбитражата, најмногу од навивачите на Исланд и на Словенија, кои се потсетија притоа и на уште неколку натпревари на СП 2025 кои предизвикаа внимание поради судиските неправди. Меѓу нив, и натпреварот меѓу Холандија и Македонија во првата фаза на првенството. Хрватска и Словенија.

„На Хрватска и помогна тоа што 55 минути играа со девет против седум на теренот“…, Овој натпреварот е наместен под диктат на ИХФ… Каков срам за судиите… Домаќинот мораше да помине понатаму…. Ракометот никогаш нема да биде сериозен спорт додека ИХФ не го реши проблемот со бесрамно корумпираните судии. На ова првенство посебно беа нагласени, погледнете го натпреварот и меѓу Македонија и Холандија“ – беа дел од коментарите по синоќешниот дуел меѓу Хрватска и Словенија.

Незадоволен од судењето на чешките судии по мечот беше и селекторот на Словенија, Урош Зорман.

„Никој не очекуваше дека ќе го отвориме натпреварот вака, но потоа за жал не можевме да издржиме во второто полувреме. Можам да се жалам на судиските одлуки, но факт е дека ракометот денеска не победи. Не боли тој натпревар, но боли што истата чешка судиска двојка го судеше полуфиналето на Олимписките игри. Одигравме многу добар натпревар, но сигурно е дека домашната екипа мораше да мине на крајот“ – изјави Зорман по дуелот.

Се вчитува...