Бурхан Мустафа е решението за голманската позиција на Академија Пандев

Искусниот 32-годишен голман Бурхан Мустафа, е нов член на Академија Пандев. Досегашниот чувар на мрежата на Гостивар ќе биде решението за голманската позиција која остана празна по заминувањето на Марко Јовановски.

Мустафа стави договор со „академците“ до крајот на сезоната, а претходно во својата кариера бранеше за Борец, Работнички, Дрита, Шкупи и Феризај од Косово.

Мустафа е четвртото засилување за Академија Пандев во овој преоден рок. Претходно тимот се засили со Агрон Руфати, Марио Врдољак и Георгие Јанкулов.

Се вчитува...