Бурнмаут објави: Еден наш фудбалер е позитивен на Ковид-19

Едниот од двајцата нови фудбалери позитивни на Ковид-19 во Премиер-лигата е член на екипата на Бурнмаут, објави денеска овој премиерлигаш.

Премиер-лигата утрово обелодени дека од новите 1.000 тестови извршени врз фудбалери, тренери и клупски персонал се добиени два резултати позитивни на коронавирус, по што Бурнмаут објави дека еден од случаите е член на овој клуб.

„Можеме да потврдиме дека еден наш фудбалер беше позитивен на втората рунда тестирања за Кови-19. Идентитетот на играчот нема да биде објавен, клубот бара оваа негова желба да биде испочитувана. Согласно протоколите во Премиер-лигата, тој ќе остане во самоизолација седум дена пред повторно да биде тестиран“, се вели во клупското соопштение на Бурнмаут.

Се вчитува...