Бутел до голем бод на гостувањето кај Охрид во битката за Европа

Ракометарите на Бутел можат да бидат задоволни откако одиграа нерешено 22-22 на гостувањето кај големиот ривал Охрид во 8. коло од ракометната Суперлига. Како и што се очекуваше двата тима одиграа израмнет натпревар во кој во ниту еден момент ниту еден не успеа да се одвои.

Мирко Мајиќ од гостинскиот табор со осум гола беше најефикасен на натпреварот, додека кај домаќините Бојан Блажевски заврши со еден гол помалку. На табелата Бутел останува четвртти со 11 бода, додека Охрид е место подоле со девет бода.

Се вчитува...