Бутел едно полувреме му парираше на Работник

Ракометарите на Работник прокнижија нови бодови во плејофот во Скопје, овојпат на гостувањето против Бутел, каде триумфираа со резултат 25-30.

Играчите на Бутел пред неколку дена до самиот финиш му парираа на гостински терен на Металург, по што избраниците на тренерот Котевски имаа сили само за едно добро полувреме против гостинот од Битола. На одмор се замина со минимални 14-15 за Работник, по што избраниците на Алушовски го отворија вториот дел со серија од 5-0, решавајќи го прашањето на победникот.

Репрезентативецот Филип Кузмановски одигра уште еден одличен натпревар постигнувајќи девет погодоци, Остроушко постигна шест за Работник, додека кај Бутел најефикасен беше Младеновски со осум гола.

Се вчитува...