Бутел испушти шанса за сензација во „Автокоманда“

Металург прокнижи нови бодови во ракометниот плејоф откако на домашен терен го совлада Бутел со 24-23. Актуелниот вицешампион влезе со улога на голем фаворит во овој натпревар, но беше изненаден од скопскиот ривал кој одлично парираше до самиот крај. „Металурзите“ во самиот финиш успеаја да стигнат до победата, но самиот исход и случувањата на теренот се нов доказ дека Металург сезонава е далеку под нивото од претходните години.

Бутел доминираше во првото полувреме, домашните ракометари имаа убедливи „плус шест“ (3-9). Гостите водеа и со 6-11, но Металург успеа да се врати и до крајот на полувремето да стигне до израмнети 13-13. Охрабрени од ваквиот финиш на полувремето, домашните ракометари го контролираа резултатот во поголемиот дел од вторите 30 минути. Бутел пред крајот намали на 24-23, имаше и напад за израмнување, но бодовите на крајот останаа во „Автокоманда“.

Шпенде и Маџовски со по пет погодоци беа најефикасни кај Металург, додека најдобри стрелци во таборот на Бутел на денешниот натпревар беа Младеновиќ со шест и Мајиќ со шест постигнати гола.

Се вчитува...