Бутел победи и достојно се прости од Лигата на Европа

Ракометарите на Бутел го совладаа Ѓенѓеш со 25-24 во реваншот од првото коло од Лигата на Европа. Вистинска штета е вчерашниот убедлив пораз од тринаесет голови разлика по кој скопскиот тим ги загуби сите шанси за пласман понатаму, бидејќи денеска Бутелци одиграа одличен натпревар против големиот фавори.

Првиот дел цело време домаќините имаа предност, но во ниту еден момент не успеаја да се одлепат како на вчерашниот меч, па на полувреме се замина со предност на Унгарците од 12-14. Во второто полувреме избраниците на Грчевски заиграа подобро. Успеаја да направат целосен пресврт и да стигнат до конечен триумф од 25-24.

Марко Мајиќ со 8 гола беше прв стрелец во победничкиот табор, додека Сулима и Василевски постигнаа по четири гола. Кај Ѓенѓеш Мартин Граф беше најефикасе со 5 гола.

Се вчитува...