Бутел со пресврт подобар од вториот тим на Е. Пелистер (ФОТО)

По вчерашниот пораз од Охрид, ракометарите на Бутел триумфираа со 21-17 против вториот тим на Еурофарм Пелистер, во второто коло на традиционалниот ракометен турнир „Струга 2020“.

Бутел до победата дојде со пресврт, по многу борба, откако првото полувреме го доби Е. Пелистер 2 со 10-11.

Но во вториот дел скопјани одиграа далеку подобро, на крајот сосема заслужено стигнувајќи до триумфот.

Во последното коло од оваа група, Бутел ќе се соочи со екипата на Вардар 1961.

Се вчитува...