Бутелци пристигнаа во Унгарија (ФОТО)

Ракометарите на македонскиот прволигаш Бутел пристигнаа во Унгарија каде ќе го играат двомечот од првото коло од ЕХФ Лигата на Европа против Ѓенѓеш. Бутелци му излегоа пресрет на противникот и двата натпревари ќе ги играат во Унгарија, како ракометарите на Ѓенѓеш не би иделе во задолжителен четиринаесетдневен карантин по враќањето од Македонија.

Првиот меч е закажан за во петок во 19 часот додека вториот натпревар ќе се игра еден ден подоцна. Вториот македонски претставник во ова натпреварување првиот меч против хрватска Спачва ќе го играат во сабота.

Се вчитува...