Чаби Алонсо се промовираше како тренер од највисока класа откако лани дојде во Баер Леверкузен кога „фармацевтите“ се наоѓаа на 17. место на табелата, но успеа да го одведе тимот до место во Европа, згора на тоа и стигна до полуфиналето во ЛЕ каде несреќно беше елиминиран од Рома.
Шпанскиот стратег состави победничка машинерија и на стартот од новата бундеслигашка сезона, па сосема нормално е што неговото име се споменува како главен фаворит за нов тренер на Реал Мадрид, како наследник на Карло Анчелоти наредното лето. Алонсо како играч настапуваше за Реал, освои се што можеше да се освои со „кралевите“ и одигра 246 средби за овој клуб, но одби да даде конкретен одговор околу камбекот како тренер во Мадрид.
„Јас во Реал Мадрид? Искрено, многу е рано да зборуваме на оваа тема, па уште е месец септември. Тоа не може да биде тема на разговор во моментов, максимално сум фокусиран на Баерн Леверкузен и на играчите кои моментно ги имам на располагање“, порача Чаби Алонсо.
Тој има договор со Баер Леверкузен до јуни 2026 година, но јасно е дека ако Реал тргне во офанзива, Шпанецот ќе притисне за со соодветна отштета да се пресели на „Сантијаго Бернабеу“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА