Чаби Алонсо носи познато име на „Стемфорд бриџ“

Новата ера на „Стамфорд Бриџ“ под водство на Чаби Алонсо носи радикална промена во трансфер филозофијата на Челси уште пред неговиот официјален старт на 1 јули.

Наместо купување на млади таленти, првата голема желба на шпанскиот стратег е докажаниот лидер на средината на теренот, Гранит Џака, за кого Челси веќе испрати официјална понуда од 30 милиони евра до Сандерленд. По одличната сезона и изборениот пласман во Лига Европа, 33-годишниот капитен на Швајцарија веќе ги договорил личните услови со „сините“ бидејќи има огромна желба повторно да соработува со Алонсо, со кого ја освоија историската Бундеслига со Баер Леверкузен во 2024 година.

Причината поради која Шпанецот толку силно инсистира на овој трансфер лежи во огромниот недостаток на лидерство во младиот состав на Челси, каде Џака би делувал како вистински ментор на теренот.

 

Се вчитува...