Чаирчани немаат рецепт за победа, се враќаат со пораз од Охрид

Екипата на Охрид освои нови бодови во втората средба од денешната програма во Првата лига на Македонија, откако пред своја публика славеше со високи 105-92 над Шкупи. Фантастичниот Реми Бери беше незапирлив за гостинскиот состав од Чаир, со 32 поени и високи 80% резлизација од поле (8-10 за два поени), беше најзаслужен за третиот триумф на Охрид во шампионатот за оваа сезона.

Кошаркарите на Чочоровски доминираа во текот на натпреварот, по првите две четвртини резултатот изнесуваше 58-44 во корист на охриѓани. Расположениот Охрид се одлепи резултатски кон средината на третиот период, па беше јасно кој ќе биде победникот на овој дуел по 30 минути игра во салата „Билјанини извори“. Последниот период припадна на екипата на Шкупи со скор од 23-13, но повикот за будење пристигна предоцна за Чаирчани.

Покрај високите 32 поени на Бери, Емир Зимиќ и Рос Кенет додадоа по 18 поени, а солиден настап имаше и Станислав Цонков со 14 поени. Во составот на Шкупи најефикасен беше Мујоке Афам со импресивни 30 поени, Харис Тајрон забележа еден кош помалку, заврши со 28, а 18 поени додаде и Џосеф Тејлор.

 

Се вчитува...